Имате Прашање?

075 318 690
foto school children

Уписи 2016/2017

ПРИЈАВЕТЕ СЕ!


 

Follow us on Facebook

Придобивки од изучувањето странски јазик од најрана возраст

Кога се на најрана возраст децата лесно го приемаат новиот јазик со кој се запознаваат. Тие учат преку игра, без да го доживуваат курсот како потешкотија поради неопходноста да се учи напамет со која се соочуваат децата кои започнуваат со посетување јазичен курс во подоцнежното детство.  Тие стануваат течни говорители со помош на бројните песнички, приказни и образовни игри кои им причинуваат задоволство. Истовремено, кај нив се развива моториката, креативноста, љубопитноста, фантазијата и иницијативата.

За првпат се наоѓаат во средина каде се социјализираат и искусуваат работа во група, со што се негува вредноста на споделувањето но и се работи на нивната самодоверба.

Децата емотивно се врзуваат за нивниот наставник/наставничка, што резултира со желба да ги импресионираат со знаење и проактивност. Бескрајно се љубопитни и полни со ентузијазам. Тие брзо учат во средина во која им е удобно и ја доживуваат како катче на кое сакаат постојано да му се навраќаат. Им се допаѓа рециклирањето на предвидениот фонд на зборови, особено преку образовните игри и згодите и незгодите на јунаците од нивната книга.

На часовите се обработуваат тематски единици од нивното секојдневие – семејство, играчки, храна, миленичиња и сл. Оттаму, тие за кратко време започнуваат да размислуваат на јазикот кој го изучуваат, па дури и да ги користат научените фрази од секојдневниот говор.

Новости

Зачленете се да ги добивате сите новости.