Имате Прашање?
075 318 690maksimaedu@hotmail.com

На овие часови децата ги изучуваат странските јазици преку најразлични активности прилагодени на нивната возраст – музика, песни, глума, образовни игри и креативни работилници. Посебен акцент е ставен на употребата на едноставни целосни реченици во кои се употребуваат новите зборови и граматички структури со цел да се започне основна комуникација на јазикот кој се изучува. На оваа возраст децата за прв пат се среќаваат и со латиницата на тој начин што ја изучуваат азбуката во текот на целата учебна година за да бидат сосема подготвени да продолжат во првиот степен каде што познавањето на латиницата е неопходно. Истражувајќи најразлични теми од секојдневието (семејство, храна, играчки итн.) со високо ниво на позитивна енергија и мотивација децата имаат безброј можности да го повторуваат и вежбаат јазикот во средина која постојано ги охрабрува и мотивира.
Дополнителни материјали вклучени во наставата:
- Интерактивен софтвер со песни, бројанки, образовни игри, анимирани приказни
- Вежбанка за почетно пишување
- Картички со сликовито прикажани зборови (flashcards)
- Постер и Самолепливи сликички
- Картички со приказни
- Материјали за креативни работилници