Имате Прашање?

075 318 690
foto school children

Уписи 2016/2017

ПРИЈАВЕТЕ СЕ!


 

Follow us on Facebook

Курсеви за деца

Времетраење на курсот: 8 месеци, односно 32 недели или 64 наставни часови. За една учебна година од 19 септември до 1 јуни се завршува еден степен.
Одвивање на наставата: Два пати неделно по 30 минути, во работни денови.
Возраст на ученици: дечиња од 4 и 5 години
Цена за Курсот: 4,800денари (или 8 рати по 600 денари)
ucenje jazici

Наставата за најмалите (дечиња од 4 и 5 години) се одвива според најновата специјализирана програма на реномираната издавачката куќа Express Publishing.
Изучувањето на странските јазици е преку песни и приказни, танцување, глума и креативни работилници. Со овој пристап најмалите започнуваат да го разбираат и користат странскиот јазик кој го изучуваат низ разновидните креативни активности кои им даваат можност да учат преку игра. Целта на овој пристап е да се стекнат со самодоверба во говорот и активно да учествуваат во наставниот процес. 

Интересно: Многу научни истражувања покажале дека децата кои започнале да учат странски јазик уште од најрана возраст, со текот на годините тој јазик има станува втор мајчин јазик.

Дополнителни помагала и материјали вклучени во наставата:

Интерактивен софтвер со песни, бројанки, образовни игри, анимирани приказни
Картички со сликовито прикажани зборови (flashcards)
Постери
Самолепливи сликички
Картички со приказни
Материјали за креативни работилници

Методологија:

Нашиот наставен тим користи посебни методи на предавање кои им помагаат на децата да ги развијат јазичните вештини кои соодветствуваат на нивната возраст. Ги мотивираме дечињата да го засакаат странскиот јазик, го поттикнуваме нивниот талент и ја ослободуваме нивната креативност. Па така тие се опуштаат и почнуваат да комуницираат со светот околу себе. Самата настава помага и во процесот на социјализацијата и вклопувањето во општеството, што е една од најважните воспитно-образовни цели во најраната возраст. Кај дечињата го поттикнуваме развојот на креативноста, љубопитноста, фантазијата и иницијативата.

Наставата се одвива во мали групи (5-10 ученици), а самиот пристап е индивидуален. Секое дете е посебна индивидуа и како такво е единствено, со специфичен и засебен стил на учење, на што особено внимаваме.

Во наставата се користат најсовремените методи за изучување странски јазик, имајќи ја предвид возраста, потребите, когнитивните, психофизичките и социјалниот развој на нашите најмали ученици. Странскиот јазик се совладува преку песна и игра, танцување и дружење, со помош на најмодерна технологија за изучување странски јазици, како што се интерактивна табла и софтвер. Наставата ја изведуваат висококвалификувани наставници кои постојано се усовршуваат и го надградуваат знаењето на стручни семинари, ги следат и применуваат новитетите во методологијата за изучување странски јазик и работа со најмалите.

Новости

Зачленете се да ги добивате сите новости.