Имате Прашање?

075 318 690
foto school children

Уписи 2016/2017

ПРИЈАВЕТЕ СЕ!


 

Follow us on Facebook

Курсеви за возрасни

Времетраење на курсот: 4 месеци, односно 16 недели или 32 наставни часови. За една учебна година од 19 септември до 1 јуни се завршуваат два степени.
Одвивање на наставата: Два пати неделно по 90 минути, во работни денови.
Возраст на ученици: Возрасни Ученици
Цена за Курсот(1 степен): 4,400денари (или 4 рати по 1,100 денари)
adultlearning

Курсот за возрасни се состои од 8 основни нивоа кои одговараат на нивоата од А1 до В2, како и 2 професионални степени кои одговараат на нивоата C1 и C2. Наставата е посебно прилагодена за возрасните слушатели и во себе содржи внимателно конципирани тематски единици од секојдневни животни ситуации поделени на 6 дела: граматика, зборовен фонд, слушање, изговор, пишување и зборување, како и видео настава т.н. практичен англиски после завршувањето на секоја тематска единица. Ваквиот начин на изучување има за цел – слушателот што побрзо да започне да го користи јазикот и без проблем да се снаоѓа во странската јазична средина.

Придобивки од курсот:

- Општо подобрување на јазичните способности
- Совладување на тешкотиите при усно изразување
- Усвојување на граматиката преку посебна и делотворна методологија
- Постојано проширување на зборовниот фонд
- Запознавање со културата на земјата чиј јазик се изучува
- Напредок во кариерата

 

Новости

Зачленете се да ги добивате сите новости.