
Секој превод ја следи зацртаната цел која што текстот сака да ја постигне во културата во која што е напишан. Затоа преведувачот покрај преносот на значењето на текстот во целната култура, мора да води сметка и за намената која текстот треба да ја исполни во целната култура.
Стручната литература бара од преведувачот одреден степен на специјализација и добро познавање на стручната терминологија. Во Максима-Еду се трудиме заедно со нарачателот и преведувачот да подготвиме и дополниме индивидуален речник со терминологија на нарачателот.
Ние во Максима-Еду за цел на беспрекорен стручен превод ангажираме инженери, техничари, општи лекари, биохемичари, адвокати и други стручни лица, кои имаат повеќегодишно искуство и одлична конверзација во јазикот на оригиналниот документ кој се преведува. Мајчиниот јазик на преведувачите е воедно и целниот јазик и затоа нашите преводи ги вклучуваат и културните специфичности на јазикот.
Проектите поминуваат низ повеќе степенски процес на подготовка и надзор кој што се извршува со соработка помеѓу преведувачот и лекторот. Секој превод внимателно се прегледува во зависност од јазикот и содржината, со што се гарантира беспрекорен превод кој ги задоволува или надминува очекувањата на нарачателот.