Времетраење на курсот: 8 месеци, односно 32 недели или 64 наставни часови. За една учебна година од 19 септември до 1 јуни се завршува еден степен.
Одвивање на наставата: Два пати неделно по 60 минути, во работни денови.
Возраст на ученици: дечиња од III до IX одделение
Цена за Курсот: 5,600денари (или 8 рати по 700 денари)

Наставната програма за овие ученици е целосно прилагодена на возраста на учениците и преку прецизно концепирани јазични единици како што се граматиката и зборовниот фонд се овозможува постепено надрградување на вештините на ученикот за читање, пишување, слушање и зборување. Преку забавен начин и со внимателно избрани теми се создава позитивна атмосфера за учење, а учениците се мотивираат да земат активно учество во самиот процес на учење. Наставата се реализира во мали групи од 5-10 ученици со што се овозможува да се посвети внимание на напредокот на секој ученик посебно.
Дополнителни помагала и материјали вклучени во наставата:Интерактивен софтвер со образовни игри и анимирани приказни ВежбанкиПостериМатеријали за креативни работилници
Аудио и Видео материјали